Во вторникот вечер во 23.30 часот во полициската станица во Аеродром, А.С. (47) од Скопје пријавила дека истиот ден во 06.45 часот нејзината седумнаесетгодишна ќерка отишла на пракса и не се вратила дома.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.