Исчезна една од најубавите жени во светот и сестра и – последен пат видени на забава


Марија и нејзината сестра последен пат биле видени во Санта Барбара, на роденденска прослава на нивна пријателка, по што им се губи секаква трага.

Мис Хондурас, 19-годишната Марија Хосе Алворадо и нејзината сестра, исчезнале неколку дена пред натпреварот за Мис на Светот 2014. година во Лондон, пишува Daily Mail.

miss iscezna

Полицијата веќе со денови трага по нив, а последен пат биле видени на роденденска забава на нивна пријателка. Тие изјавиле дека засега овој случај не го третираат како злосторство, но дека започнале со испрашување на луѓе кои се доведени во врска со исчезнувањето на девојките.

Санта Барбара е град во кој во последните неколку години има изразено висока стапка на криминал. Марија на официјалната веб страна за Мис на светот, се опишала себе како личност која ужива во одбојка и ракомет.

miss3

Мајката на девојките, Тереса де Хесус, вчера порачала: “Отворете ги вашите срца и разберете ја мојата болка”.

“Има семоќен Бог кој гледа сè, и се надевам дека ќе бидат ослободени”, додала таа.

Изборот за Мис на светот започнува во четврток, а на истиот ќе се натпреваруваат девојки од 120 земји.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1