Исчезна јапонски остров (ВИДЕО)


Исчезнатиот остров Есанбеханакатокојима е ненаселен и се наоѓал на 500 метри од селото Саруфуцу на северниот остров Хокаидо. Ислезнувањето прв го забележал авторот на сликовници за скриените острови , Хироши Шимизу . Тој отпатувал на север од Хокаидо во потрага по инспирација и забележал дека островчето исчезнало.

Постарите жители од околните острови потврдиле дека во последно време не може да се види островчето, додека некои рибари рекле дека на нивните навигациски системи се појавува.

Јапонските власти се загрижени , бидејќи токму со ова островче била обележана морската граница на Јапонија со Русија .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1