Патнички авион сопственост на авиокомпанија од Мозамбик со 34 патници и членови на екипажот денеска исчезна од радарите за време на лет од мозамбиканскиот главен град Мапуто кон престолнината на Ангола, Луанда.
Авионот полетал од Мапуто и по околу три и пол часа требало да слета во Луанда, но врските со него се прекинати кога летал во реонот над границата меѓу Ангола и Намибија.
Компанијата сопственик на леталото информира дека не е исклучена можноста авионот да слетал принудно некаде во северна Намибија блиску до границата со Ангола.
МИА