Скопјанец вчера во полициската станица во Ѓорче Петров пријавил дека исчезнала неговата сестра.
Според податоците од полицијата, се работи за 21-годишниот К.Т. од Волково кој пријавил дека пред два дена во 14 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сестра, 19-годишната Н.Т. и дека од тогаш ја нема видено.