Вчера во Скопје биле пријавени тројца исчезнати граѓани, на вораст од 45, 15 и од 26 години.
Во полициската станица во Кисела Вода, Ж.Ч. пријавила дека од нејзиниот стан во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг Ч.Р. (45).
54-годишен маж од село Рашче, скопско, пријавил дека на вчера околу 07.30 часот од дома исчезнала неговата петнаесетгодишна ќерка, а М.А.(49) од село Тисовица, пријавил дека на 22 јули во 19.30 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син И.М.(26) од село Студеничани.