Исчезната малолетничка од Скопје најдена во Тетово – работела како танчерка


11 танчарки, меѓу кои и една малолетничка, која во МВР беше пријавена како исчезната се фатени од полицијата во два локала на подрачјето на тетовско Жеровјане.

23.06striptiz1Во угостителскиот објект „Ловец“, сопственост на 42-годишниот Ш.А. од Мала Речица, полицијата затекнала шест македонски државјанки, меѓу кои и една малотеничка од Скопје, која била пријавена како исчезнато лице, а која денеска предпладне им е предадена на нејзините родители, информираат од МВР.

Во угостителскиот објект „Ориентал АС“, сопственост на 25-годишниот Х.А. од Боговиње, полицијата синоќа затекнала пет странски државјанки, од кои три од Бугарија и две од Србија, на возраст од 21 до 26 години, а кои биле ангажирани како танчерки. Петте странски државјанки се приведени и задржани во Полициската станица Тетово, а потоа предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, информираат од МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1