Исчезната жена пронајдена по 42 години! Отишла на лекар – па ѝ се губи секаква трага


78-годишната Флора Стивенс исчезнала пред 42 години во Њујорк, и од тогаш никој не слушнал за неа. Оваа седмица ја пронашле во една установа за постари и немоќни, потврдиле властите.

Флора Стивенс пати од деменција, па полицијата не можела да каже каде живеела сите овие години.

Нејзиниот сопруг во август 1975-тата година ја однел на преглед во болница во близина на Њујорк. Кога се вратил да ја земе, таа не била таму.

Иако не е точно познато зошто воопшто била на лекар, се претпоставува дека патела од амнезија или нешто слично, а за тоа нејзиниот сопруг воопшто не бил свесен, пишува Daily Mail.

Сопругот на Флора никогаш не дознал што се случило. Умрел во 1985-тата година. Флора никогаш не била официјално прогласена за мртва, а полицијата од време на време ја прегледувала базата на исчезнати лица со надеж дека ќе ја пронајде.

Според медицинскиот картон, Флора престојувала во разни домови за немоќни во Њујорк, пред да биде сместена во дом во Ловел.

Полицијата првиот траг кој ја одвел до Флора го добила во септември, благодарение на колега во њујоршката полиција кој работел на стари и заборавени случаи. Во текот на пошироката истрага, открил дека некој го користи социјалниот број на Флора.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1