Исчезнати четири лица во Македонија


Две лица во Куманово и уште две во Скопје се пријавени во МВР за исчезнати.

На 31.07.2016 година во СВР-Куманово, В.К. пријавил дека на 30.07.2016 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот чичко Н.К.(54). МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.Missing-Person isceznata

На 01.08.2016 година во СВР-Куманово, Д.Ш. (40) пријавил дека на 30.07.2016 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка А. Ш. (20). И за овој случај, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 01.08.2016 година во Полициската станица-Гази Баба, Р.К. (27) пријавил дека на 31.07.2016 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот 12 годишен син. МВР соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 01.08.2016 година во Полициската станица-Карпош, М.Л. (44) пријавила дека на 28.07.2016 година од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг З.Л. (46). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1