Исчезнатите пронајдени и идентификувани – потврдена 21 жртва


Меѓу 21 лице загинати во поплавите во Скопје и скопско се и шесте лица кои беа пријавени за исчезнати, информираат од МВР. Лицата биле пронајдени во текот на вчерашниот ден и истите се идентификувани.Нови пријави за исчезнати лица нема.

Полицијата и армијата со брзата интервенција спасија над 1000 граѓани по силното невреме од кои голем дел во животозагрозувачка состојба.13938426_1272365979449091_8945304222386414329_n

Теренот се пребаруваше и вчера на копно и со хеликоптери.

Дваесет и едно лице е последниот биланс на загинати во вчерашните поплави во скопскиот регион. Загинатите се од Сингелиќ, Стајковци, обиколница Смилковци и село Црешево.

Министерството за внатрешни работи попладнево информира дека до 15:00 часот, по извршениот претрес на теренот во согласност со насоките од дежурен јавен обвинител за подрачјето на Град Скопје, екипа во состав од ЕУМНА, крим полиција-насилен криминал, униформирани полициски службеници од надлежната полициска станица и тим од погребално Бутел, пронајдени се 21 починатo лицe, од кои идентификувани се 20 лица и телата на починатите се предадени на семејствата, а за 1 лице се уште трае утврдувањето на идентитетот.

Во соопштението се наведува дека до 6 часот пријавени се 22 повредени лица од кои во ГОБ 8 Септември пет, во ГОБ Св. Наум Охридски 12 лица и во Ургентниот центар при клиники Мајка Тереза –пет лица. Дополнително од 7 до 11 часот утрово се пријавени уште 56 повредени лица на третман во здравствени установи, од кои девет се задржани, а останатите се пуштени на домашно лекување.

Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки поради настанатата елементарна непогода, и притоа дадени се конкретни задачи на сите вклучени државни органи во делот на претрес на терен, со цел пронаоѓање евентуално други настрадани лица, потоа настанати штети, како и воспоставување на елементарни услови за живеење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1