Популарната писателка Исидора Бјелица во интимната исповед за магазинот „Хелоу“ открива дека скршена од силната болка, предизвикана од злокобната болест со која се бори веќе три години, го преколнувала својот сопруг да ѝ ги скрати маките и да ѝ ушприца воздух во вена.
„Не постојат суперхерои, јас сум само нежна жена. Во мене живеат две Исидори – силна и слаба. Понекогаш физичките маки беа толку силни што го молев Небојша да ми ушприца воздух во вена, потоа, на работ на разумот ѝ се молев на Богородица и силата и надежта ми се враќаа. Луѓето тешко се справуваат со грип или со забоболка, замислете четири пати канцер во терминална фаза. Само моите најблиски знаат низ какви стравотии поминував и сè уште поминувам. Да ми кажеше некој дека ќе можам да го издржам сето ова, ќе му кажев дека е луд. Човек не ги познава границите на својата сила. Слаби сме и сè што ни преостанува е да го молиме Бога да ни даде сила да издржиме.“