Испишаниот графит “ИСИС доаѓа” на ѕидот на црквата Свети Никола во Приштина, најпрво за викендот го забележале војници на италијанскиот КФОР кои два пати неделно патролираат околу самиот објект.
Приштинскиот парох Дарко Маринковиќ истакнува дека за ова бил известен пред неколку дена, а целиот случај го пријавил во Косовската полиција.
“Најлошо од сè е што е испишан повик до терористичката организација против која во овој момент се бори половина од светот. Можеби сето ова се поклопува и со денешниот ден и жалните случувања од пред 12 години, кога оваа црква, како и многу други манастири беа запалени и уништени”, нагласил Маринковиќ за “RTK2”.
Случајот со испишувањето на графитот на ѕидот на црквата Свети Никола во Приштина се случил неколку дена пред 12-годишнината од мартовскиот прогон на Србите, кога и била запалена оваа црква.