Исламска држава му ја отсекла главата на 15 годишно момче поради тоа што слушал поп музика во Мосул, дувлото на џихадистите на северот од Ирак, јавува Russia Today.
Според првичната идентификација се работи за Ајхам Хусеин, кој бил киднапиран од патрола на ИД, бидејќи го приметиле дека слуша “западна музика” во близина на својот татко на плоштадот Наби Јунис.
По киднапирањето, тој бил предаден на шеријатскиот суд, кој донел одлука да биде обезглавен. Инцидентот го навлече гневот на јавноста а локалните жители организирале протести пред куќата на неговото семејство, пишува РТ.
Минатата недела, ИСИС наведе дека погубила двајца момчиња на возраст од 22 25 години бидејќи не дошле на молитвата во главната џамија во Мосул.