ИСИС удира ДЕНЕС на Париз, Италија и во Америка – Анонимуси им влегле во преписките


Раша тудеј јавува дека хактивисти поврзани во колективот Анонимус тврдат дека откриле планови на Исламска држава за напади во Париз, но и во САД, Италија, Индонезија и Либан, кои треба да се случат ДЕНЕС.

3 манифестации во француската престолнина Париз, на група за правата на жените и на два музички настана. Покрај ова, како цели се наведени и боречки (кечерски) настан во американскиот град Атланта, во сојузната држава Џорџија, цели во Италија, во Рим и во Милано, во Индонезија, како и на Универзитетот на Светиот Дух во Каслик, близу либанската престолнина Бејрут.anonimusi322

„Ова е предупредување до сите оние кои се поврзани со наведените настани, кои одат на масовни настани, вклучително и на црковните богослужби, но ризикот дека црквите во близина на Париз ќе бидат цели е многу низок“, се вели во извештајот. Во него, исто така, се наведува дека информациите кои се добиени од онлајн ресурсите коишто ги користи Исламската држава, укажуваат на тоа дека е планирано сите напади да бидат изведени во недела на 22-ри ноември.

ФБИ потврди дека озбилно гледаат на информациите кои им ги проследиле Анонимуси и озбилно ќе ја разгледаат можноста за напад на стадионот каде треба да се одржи спектаклот.

-„ФБИ е свесен за информациите за наводниот напад. Иако сите закани озбилно ги разгледуваме, за сега нема информации за напад“-соопштија од оваа агенција.Информациите во јавноста ги пуштиле самите Анонимуси кои истовремено ги известија и надлежните.anonimus

Компанијата „World Wrestling Entertainment“ којашто се занимава со организирање борби и првенства на професионалните кечери, одби да го откаже настанот, кој е планиран за 19.30 часот во Атланта во неделата по локално време (1,30 часот по македонско време во понеделник). Компанијата објави дека турнирот ќе се одржи во предвидениот термин, а оти таа заедно со сојузните, федералните и локалните власти спроведува истрага во врска со споменатите информации.

Хактивистите откриле дека информациите ги добиле од „повеќе профили блиски до Даеш (ИСИС)“ и дека нападите се планирани за 22 ноември.

„Ако ги објавиме доказите јавно, ќе има такви што ќе кажат дека се лажни бидејќи скриншотите може да се изменат. Намерно не ги објавивме профилите бидејќи тогаш веднаш ќе беа затворени и никој немаше да им верува на доказите“, објавија Анонимус.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1