Исклучените од есен веќе нема да плаќаат паушал за парно


Од следната грејна сезона вицепремиерот Анѓушев очекува исклучените од парно повеќе да не плаќаат паушал. Законот за енергетика вчера го пројде владниот филтер, но проблемот на околу 12 илјади граѓани кои го откажале греењето ќе се решава со подзаконски акти, посочи Анѓушев. Со тоа тој очекува веќе од октомври – кога почнува новата грејна сезона тие да бидат ослободени од паушалниот износ кои им се пресметува во зависност од големината на станот. Овие лица долго време протестираа и бараа да не бидат изложени на трошоци за услуга која не ја користат.

Во однос на законот за енергетика Анѓушев не кажа што точно биле забелешките на компаниите од енергетскиот сектор, посочи само дека сите тие се вградени во законот како и препораките од Европската енергетска заедница.

Со новиот закон за енергетика кој за неколку дена треба да влезе во собраниска процедура се очекува до крајот на годинава пазарот на струја целосно да биде либерализиран. Секое домаќинство ќе може да избира која компанија ќе го снабдува со електрина енергија. Оние кои нема да изберат ќе добиваат струја од универзален снабдувач кој државата ќе го избере на тендер. Со законот и сите нови објекти кои ќе се градат треба да имаат и мерачи за топлинска енергија на радијаторите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1