Искршени автобуси на ЈСП во Сарај и Чаир додека се славеше инцидентот во Белград


Три автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие и една автобуска постојка се оштетени синоќа околу 23 часот, информира денеска генералниот директор на ЈСП „Скопје“ Мишо Николов.

Тој прецизира дека е оштетен еден зглобен автобус со број 56 во Сарај на кој му се искршени сите прозорци и внатрешниот ентериер, на два двокатни автобусa  во Чаир им се искршени прозорците, а оштетени се и стаклата на автобуската постројка на бул. „Александар Македонски“ во непосредна близина на ОУ „Битолски конгрес“.Avtobus iskrsen jsp

– Прес-конференцијата ја држиме на автобуската постојка која е оштетена каде што се искршени стакла со дебелина од 10 милиметри. Ваквите стакла не може да е искршат без пригоден алат и сметаме дека е тоа намерно направено, рече Николов.

Тој апелираше граѓаните да помогнат во расветлувањето на случаите со уништување на имотот на ЈСП „Скопје“ и за спречување вакви инциденти.

Прашан дали последното оштетување на имот од ЈСП е резултат на синоќешниот инцидент во Белград на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, Николов рече дека во интерес на истрагата не сака да прејудицира ништо, но додаде дека во последните три-четири месеци ситуацијата била смирена и воопшто не е регистриран никаков инцидент во автобусите на ЈСП „Скопје“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1