Исламистите ќе ги уриваат пирамидите и сфингата во Египет


Калифот на Исламската држава на Ирак и Левантот Абу Бакр ал-Багдади ги повика своите следбеници да ги уништат пирамидите и сфингата во Египет.egipet

Радикалниот водач им порача на исламистите дека уништувањето на историските споменици е „религиска должност“, пишува порталот Ал Алам. Имено, во екстремната интерпретација на исламот, терористите киповите, идолите и светилиштата ги сметаат за голема опасност за чистината на муслиманската вера.

Исламистите ја згрозија јавноста кога пред две недели објавија видео снимка на која со чекани ги кршат киповите во градскиот музеј во Мосул, во кој се наоѓа непроценлива збирка на асирски и хеленски предмети стари и 3000 години.

Минатата недела со булдожери го нападна и асирскиот град Нимруд, јужно од Мосул. УНЕСКО го осуди тој напад како „културен геноцид“ и објави дека тоа злосторство е исто како и военото злосторство. Исто така, ја срамнија со земја и древната Хатра, локација од светското културно наследство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1