Исламската држава ја очекува страшна одмазда од Путин!


Рускиот претседател за несреќата над Синај рекол дека тоа е голема трагедија и дека Русија не треба да биде сопрена и покрај формалните квалификации.

Русија сè уште е во шок по падот на патничкиот авион на компанијата “Когалимавија” над Синај во Египет, а сè уште нема ни одговор што точно се случило со руското летало. Една од многуте теории е дека авионот го урнала Исламската држава, која кратко по несреќата ја преземала одговорноста, но руските власти ги демантирале овие наводи. Сепак, нападите на положбите на ИСИС во Сирија од страна на руските бомбардери зачестиле по трагичниот инцидент кој се случил во саботата.putin isis

Руските воздухопловни сили извеле 131 лет и погодиле 237 мети во Сирија на денот на падот на авионот, и ден по несреќата, соопштило Министерството за одбрана на Русија.

Министерството навело дека руските сили напаѓале цели во провинциите Хама, Латакија, Хомс, Дамаск, Алепо и Рака.

Претставникот на министерството, Игор Конашенков, рекол дека руските авиони, во близина на сириската престолнина Дамаск, уништиле едно подземно складиште со муниција на терористичката организација Исламска Држава.

Рускиот претседател за несреќата над Синај рекол дека тоа е голема трагедија, и побарал темелна истрага за падот на авионот на руската компанија “Когалимавија” во Египет.

“Без никакво сомнение, треба да се направи сè за да се реконструира објективна слика за тоа што се случило, за да можеме реагираме во склад на тоа”, рекол Путин.mig rusija-25

Откако го слушнал извештајот од истрагата на местото на несреќата во Синај, Путин рекол дека таа работа треба да продолжи “сè додека не е сигурно дека тој дел од работата е завршен”.

“Не треба да сопреме и покрај формалните квалификации”, навел Путин.

Сепак, иако египетските и руските вештаци, како и Стејт департментот, изјавиле дека шансите џихадистите на ИСИС да го урнале авионот се премногу мали, доколку погледнеме реално, тоа сценарио и не е толку невозможно. Да се потсетиме на соборувањето на малезискиот авион над Украина, кој бил погоден со ракетниот систем “Бук”.

Исламистите сè што им е потребно купуваат преку црниот пазар, како и оружјето, кое им е потребно за борба и одбрана на својот калифат, од внатрешни и надворешни непријатели. А факт е дека Русија реши да му помогне на сирискиот претседател и да започне воена интервенција против ИСИС. Поради тоа, никој со сигурност не може да тврди дека авионот не го собориле џихадистите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1