Исповед: Девет дена молев за абортус зошто плодот ќе експлодираше во мене!


Триесетишестгодишна скопјанка, во август годинава, наместо да ја подготвува новата детска соба за приновата, таа завршува на Клиниката за гинекологија како итен случај. Во седмиот месец од бременоста било утврдено дека таа носи плод со малформации – органите на плодот биле потиснати, а белите дробови и желудникот полни со вода. Таа морала итно да изврши абортус, бидејќи здравјето ѝ било во опасност, пишува Призма.

Да се сретнете и да разговарате со жена која поминала низ сите процедури што ги предвидуваат измените во Законот за прекин на бременоста и која поминала низ толку трауми, навистина не е лесно.bremenost2

Во овој текст ќе ја наречеме Марија, за да ја заштиме нејзината приватност – доволно беше што таа се охрабри да ни раскаже еден интимен дел од нејзиниот живот за да ни илустрира дека долгите процедури додека да се изврши абортус не се така едноставни како што се сака да се прикаже во јавноста.

Оваа жена ја посакувала втората бременост. Сакала братче или сестричка за нејзината тригодишна ќерка. Не ни претпоставувала со што ќе се судри во седмиот месец од бременоста, а уште помалку претпоставувала низ какви сè процедури треба да помине додека да ѝ биде извршен абортус.

Марија беше една од ретките што се согласи да говори за нејзиното патешествие – од моментот кога дознала дека бременоста мора итно да биде прекината, таа се судира со безброј процедури, чекање и одење по клиники и молби да биде отстранет плодот кој претставувал сериозна опасност по нејзиното здравје.

Наместо да се радува на доаѓањето на новиот член на семејството, за еден ден, нејзиниот живот се менува – таа почнува да стравува за нејзиниот живот, откако цели девет дена морала да трча по институциите за да ги заврши сите процедури потребни за да се отстрани плодот.

Девет дена како девет години

Со Марија се сретнавме во кафуле во Старата чаршија. Делуваше смирено, како длабоко во себе да го закопала она што ѝ се случувало деветте дена низ македонските болнички установи.

„Требаше да дојде и сопругот на ова интервју“, ни рече. „Тој подобро памети што точно се случуваше, јас бев во бунило “, ни вели таа.

Патешествието што го поминала низ клиниките додека да добие согласност за да абортира Марија ни ги раскажуваше час и половина.

„Не знам дали ќе сменам нешто со ова, но сакам јавноста да знае. Јас во себе носев темпирана бомба, плод кој може да експлодира во секој момент, а бев принудена да трчам по комисии за да добијам согласност за прекин на бременоста“, раскажува таа низ солзи.

Целата статија прочитајте на ја на Призма.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1