Не е убав моментот кога партнерите во една повеќегодишна врска или брак ќе сфатат дека работите веќе не функционираат или дека исчезнала привлечноста. Најчесто тоа не е момент, туку некоја долга внатрешна борба исполнета со прашања, одговори, надежи и разочарувања. Но вистината за тоа чувство ја раскажа еден маж кој по неколку години сфатил дека неговата жена веќе не го привлекува.
Но, тој факт не можел да го сподели со сопругата иако, како што вели, меѓу нив многу работи се прилично јасни, иако никогаш не се изговорени.
– Мојата сопруга не ме привлекува – ова се зборови кои е многу тешко да се изговорат.
– Седам и се обидувам да смислам најдобар начин како ова да го направам, но нема такво нешто. Тоа не е нешто што било кој би сакал да го изговори, но ако сакам да бидам искрен, тогаш ќе кажам. Мојата сопруга не ме привлекува. Таа е прекрасна жена, многу подобра личност од мене. Знам зошто не ме привлекува. Се здебели. Се трудев, навистина се трудев да го надминам тоа, не ми успеа. Во последните три години од конфекцискиот број 38 таа сега носи 46 и нема надеж дека ќе се врати назад. Сопругата се здебели бидејќи почна да пие. А почна да пие бидејќи беше несреќна. А несреќна е дека е дебела. Јас сум делумно виновен за тоа. Сигурно сум придонел за нејзината несреќа. Но тука се и надворешните фактори – работа, семејство, пријатели…не и беше лесно. Дали женската убавина се крие под кожата? Дали сум толку плиток? Или сум само човек? Долго се мачам со тие прашања. Сопругата знае како се чувстувам. Не сум и кажал, се разбира. Таа заслужува подобро. Подобро од мене. Би сакал да бидам човек за кого таа мисли дека се омажила, но не сум“.