Исповед на Кетлин Тарнер: Артритисот ја уништи мојата убавина


Холивудската актерка Кетлин Тарнер (60) дваесет години се бореше со ревматичниот артритис, по што и се промени личниот опис.

Кетлин била цела отечена од лекови и операции. Таа денес болката ја држи под контрола, благодарение на како што открива таа на влошките направени од бакар.

Во своите најдобри денови еднаш актерката изјавила:„Кога навистина се чувствувам добро во својата кожа и кога ќе влезам во соба полна со мажи, оној кој нема да ме одмери од глава до петици, тој е геј“.

kathleen-turner-national-high-school-musical-theater-jimmy-awards-01Ревматичниот артиритис е хронично воспаление на зглобовите кое е многу болно и доведува до отеченост. Обично се зафатени рацете, нозете и зглобовите. Се проценува дека во Велика Британија од оваа болест боледуваат 646.000 луѓе. Како и другите автоимуни болести, ревматичниот артиритис повеќе ги напаѓа жените отколку мажите.

Актерката почнала да се бори со болеста кога нејзината ќерка имала пет години, а денес има 26 години. Тогаш се мислело дека лицето и е надуено од алкохол.

– Од лековите се дувате како балон – објаснува Кетлин која, мислејќи дека себе си си ги олеснува болките, почнала да консумира и алкохол. Меѓутоа по некое време сфатила дека алкохолот дополнително и ја уништува кариерата. Ги промени лековите и почна да вежба, но таа сака да зборува и за необичниот лек за кој тврди дека многу и помогнал, а тоа се влошките за чевли направени од бакар, кои чинат 30 долари.

– Ми ги препорача мојата колешка Морин Липман. По три недели носење на влошките, забележав голема разлика. Можев само да одам и тоа без болки – изјавила Кетлин.

Инаку бакарот со векови се користи во алтернативната медицина. Се претпоставува дека бакарот се апсорбира преку кожата, и наскоро се подготвува опсежно испитување. Многу пациенти носат бакарни нараквици или прстени за да ги ублажат болките иако не постои вистински доказ дека делуваат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1