Пред само неколку дена преку сајтот „The Guardian“ вирално се прошири една необична приказна од дневникот на 68 годишна бабичка.
Таа испраќа електронска исповед во која признава дека е среќно омажена веќе 40 години, има 2 деца, но неодамна се впуштила во љубовна авантура.
Објаснува дека љубовникот го запознала преку допишување на мејл, а тој ја освоил со писмата и романтичните љубовни песни.
Кога конечно се запознале, 68-годишната старица се впуштила и во секс авантура. Иако сексот не ја задоволил, нивното страствено допишување продолжило.
– Чувствував огромна грижа на совест заради сопругот кој го откри нашиот однос. Се обидов да прекинам, но не знам зошто, секој пат му се враќав на тој човек. Речиси идентична работа ми се случи и пред 20 години. Како да се осигурам сè да остане во минатото и да си ја вратам самодовербата? -очајно прашала 68-годишната старица.
Терапевтката задолжена за одговор на овие љубовни исповеди, не и понуди решение, но многу добро и објасни.
Вашата самопочит треба да остане недопрена, но вашата способност за самозалажување треба да ја преиспитате. Замислете ја болката која вашиот сопруг морал да ја поднесе и неговата посветеност, покрај тоа што сте биле во потрага за поголемо возбудување.
Тој човек останал со вас и кога сте залутале, односно сè уште е покрај вас. Ако мене ме прашувате, тоа е најромантичниот гест. Страствената поезија може да го забрза вашето срце и да ви ја исполни главата со фантазии, но не може да ве прегрне кога сте дома.