ИСПОВЕД на тинејџерка која им избегала на маж и жена – сериски убијци: „Ќе ме силувате или ќе ме убиете?“


Кејт Мор (47) имала само 17 години кога во 1986 година во Перт наизглед обичен брачен пар, Дејвид и Кетрин Бирни и понудиле превоз. Таа не се ни сомневала како хорор и се подготвува.

Жената која им избегала на најлошите австралиски сериски убијци во своето прво телевизиско интервју раскажува за хоророт низ кој поминала.kejt-mor-tinejdzerka

Девојката таа вечер била излезена со пријателите во Перт. Вели дека била малку пијана кога се согласила да влезе во автомобилот на монструозниот пар.

-Ги прашав дали ќе ме убијат или силуваат, а тие ми одговорија: „Ќе те силуваме само ако си добра“, открива Кејт.

Кога ја донеле пред куќата, Кејт се обидела да излезе но тогаш сфатила дека вратата од автомобилот е заклучена. Дејвид од своите чизми извлекол месарски нож и и го ставил под вратот. Ја однеле во нивната куќа. Надевајќи се дека некој ќе открие дека држат заложничка, Кејт оставила траги низ целата куќа – балсам за усни фрлила под креветот, парче хартија со телефонски број, таблети за спиење кои и ги давале ставала под душекот…seriski-ubiec-ketrin

„Знаеш дека ќе умреш, но не сакаш тоа да си го признаеш“

Опишувајќи го хоророт кој го преживеала таа вели „Знаеш дека ќе умреш, но не сакаш тоа да си го признаеш“.

-Имав околу 200 проценти шанси да умрам и едвај 5 проценти да се извлечам, додава Мор.

Мажот ја силувал уште првата вечер додека неговата сопруга гледала и фаќала белешки.

-Пред тоа ме натераа да играм пред нив додека ми пуштаа песни од бендот Dire Staits. Тоа беа два часа ментална тортура. Не можев да престанам да плачам, вели Кејт.Потоа ја натерале да се истушира и ја врзале со ланци.Напишала и проштално писмо. За време на ноќта, Кејт некако успеала да ги наговори монструмите да и дадат пенкало и листа хартија, по што напипала проштално писмо до своите најблиски.

seriski-ubiec-dejvid

Во еден момент среде ноќта таа почнала да вришти во сон, што многу го разлутило Дејвид. И кажал дека договорот за спиење се менувал и ја преместил во главната спална соба каде продолжил да ја силува. И дал таблета за спиење, но таа ги сокрила под јазикот.

-Мислев дека никогаш нема да се разбудам ако еднаш заспијам, изјавила Кејт.

Следното утро ја натерале да им се јави на родителите. Им кажала дека многу се опијанила надевајќи се дека тоа ќе ги разбесни со оглед на фактот дека не знаеле дека пие алкохол, па така ќе почнат да ја бараат, но не го сториле тоа.

Кога Дејвид заминал на работа, Кејт почнала да пресметува колкави се шансите да преживее. Планирала да се спријатели со Кетрин и да ја убеди да ја пушти. На нејзина среќа некој тропнал на вратата и на Кетрин тоа и го одвлекло вниманието од заробеничката, што Кејт го искористила како момент за да избега.

-Прозорецот во собата беше заклучен. Собрав храброст да го скршам стаклото и така го отворив. Скокнав надвор на паркингот и трчав преку патот до првата куќа во соседството. Меѓутоа на таа врата никој не ми отвораше, а кучињата хистерично лаеја, раскажува Кејт.kejt-mor-640x360

Тогаш здогледала продавница и тргнала кон неа.

-Помогнете ми. Ме силуваа, ве молам пуштете ме внатре да викнам полиција. Ако дојде некоја жена и ви каже дека сум и ќерка и дека сме се скарале немојте да и верувате. Ме силуваа, викала Кејт.

Маж кој бил во продавницата ја однел Кејт во локалната полиција каде раскажала што се случило.

Дејвид и Кетрин од Перт во својот дом за време на ’80 убиле четири девојки, Сусана Кенди (15), Денис Браун (21), Мери Неилсон (22) и Ноелен Патерсон (31). Осудени се на доживотен затвор. Дејвид во 2005-тата се обесил во затворската ќелија, додека на Кетрин годинава и било одбиено барањето за ослободување. Следното може да го поднесе во 2019 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1