Исповед: Родителите ме турнаа во канџите на порнографијата!


Кога имала само четири години, родителите на Равен Калиан ја однеле во филмско студио, каде била злоупотребувана пред камера. Поголемиот дел од нејзиното детство го поминала во сексуално злоупотребување и снимање на истото. Денес таа е борец против детската порнографија.

Еден од нејзините најрани спомени е кога родителите ја однеле во студио за изработка на портрети, четириесет километри оддалечено од нивниот дом. Студиото било во подрум , а тогаш дошол уште еден брачен пар со дете.

„Сакаш ли да те фотографираме со ова мало слатко детенце“, ја прашала мајката Равен, а потоа се повлекла во кафетеријата во студиото.

raven-kalian_620_350Тоа воедно бил почетокот на нејзината агонија долга цели петнаесет години.

Нејзиниот татко, инаку учител кој ја изгубил работата, бил насилен кон неа и нејзиниот брат, но кога Равен почнала да заработува одеднаш станала „фаворит“ на татко и, бидејќи на сметка на нејзиното злоупотребување семејството заработувало. Неизбежно, како што растела, нејзината „вредност на пазарот“ се намалувала, а филмовите кои ги снимала станувале се погруби.

Меѓутоа, со текот на растењето, како што обично се случува со жртвите, научила да рационализира и да го негира она што се случува во семејството.

„Се сеќавам дека мајка ми говореше: Ох, она нема ни да се сеќава на тоа“, и самата почнав да верувам во тоа, дека родителите го прават тоа за доброто на семејството“, се потсетува Равен.

Во меѓувреме таа пораснала, дипломирала кукларство на Факултетот за драма во Лондон, и решила да му ја раскаже на светот приказната за злоупотребување на деца, бидејќи како што вели таа „тоа не се случува таму некаде, на некој друг“. Куклената претстава која таа ја обработува за овој проблем се вика „Ура за Холивуд“, каде се прикажани родителите и децата низ банализирани дијалози. Набрзо е снимен и филм.

Интернет експанзијата особено допринесе за детска порнографија: од Британскиот центар за онлајн заштита велат дека бројот со непристојни фотографии од деца на интернет е милионски, а има десетици илјади деца жртви. Најчестиот начин на кој престапниците доаѓаат до своите жртви е преку лични и семејни односи.

Равен доживеала огромни психолошки проблеми како последица од злоупотребата: од мали нозе почнала да доживува подвоена амнезија, појава каде болните искуства се блокирани, што доведува до дупка во меморијата.

Во училиштето почнала да добива флешбекови, болни сеќавања кои се појавувале на секунда, меѓутоа, никој од наставниците не забележал дека се случувало нешто, бидејќи Равен имала добри оценки.

Но, на еден од наставниците му било сомнително тоа што е премногу слаба, и ја повикал на разговор. Равен му доверила неколку работи, но не се, поради стравот од одмазда, особено од мајка и, која веќе не била заедно со нејзиниот татко. Наставникот и помогнал да најде работа во ресторан, за да може што порано да стане самостојна и да собере пари за колеџ.

Со поаѓањето на факултет ја променила средината и името, и почнала да оди на терапии за жртви на силување. Терапијата и помогнала да почне да живее нормален живот и да воспостави емотивни врски, што на почеток било тешко, бидејќи љубовта ја поврзувала со предавство и повредување.

„Многу луѓе кои го погледнаа мојот филм прашаа како некои родители можат тоа да го направат на своето дете. На сите им велам дека тоа само се повторуваше, бидејќи и моите родители биле злоупотребувани. Тие немале можност да добијат стручна помош, ниту свест дека тоа што го прават е погрешно. Важно е да се сфати дека тие и слични на нив не се родени злобни, туку се оштетени“, вели Равен.

Таа на крај истакнува дека мораме да ја препознаеме болеста кај ваквите луѓе, а со самото тоа и контекстот во кој го направиле злосторството, и дека дури тогаш ќе можеме да реагираме адекватно.

www.fama.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1