Ист пациент може да се разболи дури од два или три вида рак


Многу често, вториот карцином се открива како резултат на честите контролни прегледи што пациентот ги прави за време на следењето на веќе излекуваниот карцином, предупредуваат лекарите

Не е само една мака… Ни тоа што некој се разболел од еден вид карцином не е никаква „гаранција“ дека нема да заболи од второ малигно заболување. Има случаи пациенти што заболеле од еден вид карцином, да се разболат и од друго малигно заболување, кое воопшто не е поврзано со првото. Лекарите велат дека иако ретко, во практиката се соочуваат и со вакви пациенти, пишува Дневник.

mamografija

– Се случува, најверојатно, некакво „откочување“ на имунитетот и пациентот повторно се разболува од рак, ама на друг орган и неврзано со првата болест, а некогаш дури и од трето малигно заболување, кое исто така се појавило независно од првата дијагноза. Во мојата досегашна практика како хирург имав 10-ина такви случаи. Токму во последните две-три недели дојде на преглед пациент кај кого уште во старт дијагностициравме два различни карцинома – предупредува д-р Митко Kараѓозов, тораковаскуларен хирург од болницата „Аџибадем Систина“.

Тој потврдува дека, за жал, се намалува и возраста на која се јавуваат овие случаи.

Така, неодамна во оваа Kлиничка болница кај многу млада пациентка, која има само 24 години, а која само што ~ се израдувала на својата првата рожба пред неколку месеци, ~ бил дијагностициран рак на двете дојки. По направените дијагностички процедури се случил нов шок – била утврдена уште една злокобна дијагноза – карцином и на матката. Лекарите се борат за животот на оваа пациентка, чие интензивно лекување е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1