Велигденскиот Остров е Полинезиски остров во југоисточниот Пацифик на најјугоисточната точка на Полинезискиот триаголник. Островот е посебна територија на Чиле. Познат е по своите монументални статуи наречени моаи (МФА: /ˈmoʊ.аɪ/), створени од Рапанујците. Тие се дел на Листата на светското културно наследствозаедно со Рапанујскиот национален парк.
Името„ Велигденски Остров“ било дадено од страна на првиот регистриран европски посетител холандскиот истражувач Јакоб Рогевен, кој пристигнал на островот на самиот ден Велигден во 1722 година. Официјалното име на островот е шпанскиот назив, Isla de Pascua, шпански термин за „велигденски остров“.
Сегашното полинезиско име на островот „Rapa Nui“ или „Големиот Рапа“, било сковано од страна на работничките имигранти од Рапа на Островите Бас, кои биле поврзани со својата земја, но депортирани како перуански робови во 1870те.
Како и да е,Тор Хејердал тврди дека името Рапа е оригиналното име на островот, додека Рапа Ити е дадено од страна на бегалците.
Постојат неколку хипотези за “оригиналното” полинезиско име за островот, вклучувајќи го и Te pito o te henua, или “Папокот на Светот”. Легендата вели дека првото име на островот е Te pito o te kainga a Hau Maka, или “Малото парче земја на Хау Мака”. Другото име Mata-ki-Te-rangi, значи “Очи кои зборуваат со небото.”
Велигденскиот Остров е еден од најизолираните острови во светски рамки кој воедно е населен.
Тој се наоѓа на 3.600 km западно од континентално Чиле и 2.075 km источно од Питкерновите Острови (Сала и Гомез).
Рапа Нуи е вулкански остров. Рапанујците имале цивилизација од каменото време и правеле неколку вида на домородски камења:
•Базалт, тврд, густ камен користен за токи и Хоа Хакананаи’а.
•Обсидијан,вулканско стакло со остри краеви, користен за Матаа и за црните очи на моаите.
•Црвена Скорија од Пуна Пау, многу светол црвен камен користен за Пукао и неколку Моаи.
•Седра од Рано Рараку, камен многу полесен за обработка отколку базалтот, и користен е за повеќето моаи
Големите камени статуи, или моаи (moai), по кои Велигденскиот Остров е најпознат биле создадени за релативно брзо време во текот на породуктивната мегалитска активност. Вкупно 887 монолитни камени кипови се инвентирани на островот и во музејските збирки.
Иако често се идентификуваат како “Главите на Велигденскиот Остров”, киповите всушност се потполно торзо, кои клечат на колена и имаат скрстени раце кои лежат на нивните желлудници.
Некои исправени Моаи останале закопани до вратор како последица на тектонските движења.
Аху (Ahu) се камени платформи кои се разликуваат по големината. Многу од нив се значајно обработени во текот на ерата Хурија мо’аи или кип-свргну. Многу од нив станале костурница, еден е отворен со динамит, а Аху Тонгарики е уништен од цунами.
Аху Тонгарики, еден километар од Рано Рараку, имала најголем и највисок Моаи од вкупно 15.
Останати забележани се Аху Акиви, обновен во 1960 од страна на Вилијам Муллој, Нау нау на Анакена и Тахаи. Аху без камени Моаи можеби имало од дрва но сега се изгубени.
Kukuriku.mk