Заврши истрагата во обвинителството за убиството на матурантот Ангел Петковски од Ѓорче Петров.
Денеска адвокатот на Насер Ештрефи (19) од селото Грчец кој е осомничен за убиството треба да го подигне известието за завршената истрага.
Во рок од половина месец имат право да ги да соберат доказите во корист на одбраната и да предлага истражни дејствија.
Потоа обвинителот ќе покрене обвинителен акт со конечната квалификација за кривичното дело.