ИСТРЕЛИ НАД ИСТАНБУЛ И АНКАРА: Војска и тенкови на улиците во Турција (ВИДЕО)


Како што јавуваат западни медиуми, ситуацијата во земјата сè повеќе наликува на воен удар, а војската веќе дала и соопштение во кое истакнува дека ја зазела власта. Сепак, уште нема јасни информации за причините поради кои војската е на улицитеerdogan-ssss-640x314

Хеликоптери и авиони ги надлетуваат Анкара и Истанбул, пукање врз полициските станици, војската го зазеде аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Ова се дел од информациите што турски и светски агенции ги пренесуваат вечерва. Според тоа што досега се знае, се работи за воен удар во земјата, каде што војската ја презема власта.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган засега го нема во јавност, а се огласи само премиерот Бинали Јилдирим, кој за турски медиуми истакнал дека не станува збор за никаков воен удар, туку дел од војската се побунил против генералштабот.

На социјалните мрежи се појавија повеќе снимки од воени авиони и од хеликоптери кои ги надлетуваат Анкара и Истанбул. 

Soldiers in , , order civilians to go home, citing “curfew” – @agirecudi

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1