Исцелител со акупунктура заразил 16 лица со ХИВ


Полицијата во Швајцарија уапсила неименуван самонаречен исцелител, откако престанал да се појавува во судот заради обвинување дека со игли за акупунктура инфицирал 16 луѓе со ХИВ вирус

akupunkturaПолицијата провалила во куќата на 54-годишниот исцелител, кој се затворил наоружан со нож. Со него била и една жена која била уапсена.
Обвинетиот во август минатата година бил пуштен да се брани од слобода и за тоа платил кауција. Но на судењето во март не се појавил.

Швајцарските власти се заинтересирале за овој случај. откако еден од пациентите сведочел дека бил подложен на сеанси со акупунктура кај осомничениот “доктор”.

Медиумите пишуваат дека повеќето заразени со ХИВ вирусот се ученици од музичкото училиште, кое го водел самонаречениот исцелител, а воедно се занивамал и  со акупунктура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1