Италија ќе го враќа датумот за преговори на маса во ноември во Рим


Европските партнери се обидуваат да ја санираат штетата од блокадата во Брисел, објави Сител. Италија  најави дека во ноември на советот за општи работи ке се реактивира прашањето за  старт на преговорите за Македонија и Албанија.

Во Рим е поканет и премиерот Заев. Се очекува во наредните месеци францускиот престедател Макрон да ги посети двете земји, но точниот датум на посетата се уште не е одреден.  Од Берлин пак порачуваат дека патот кон ЕУ останува отворен за Скопје и Тирана . Од владеачката коалиција  ги повикаа кандидатките да продолжат со реформите и да ги разубедат скепетиците  дека нивното место е во Унијата. 

И германскиот министер за економија Петер Алмајер кој деновиве ке го посети регионот  во интервју за БИЛД посочи дека во интерес на Унијата е да ги почне преговорите што е можно побрзо.

Функционерите на ЕУ со жалење ја коментираат одлуката на  Унијата. Направивме историска грешка, напиша на социјалните мрежи шефицата на европската дипломатија Могерини.  

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1