Италијанскиот премиер Џузепе Конте во обраќањето најави вечерва уште построги мерки , откако во земјата во последните 24 часа починале 196 лица од коронавирус.
Италијанскиот премиер во видео обраќањето рече дека сите ресторани, кафулиња и пабови се затворени следните 15 дена. Трговските активности што не се поврзани со основни прехрамбени производи се затворени.
Премиерот исто така рече дека гарантира продолжување на нормалниот сообраќај и дека ќе биде можно да работат земјоделците кои ја хранат Италија.
Особено е важно да се продолжи со производство на медицински и други итни резерви, така што овие дејности ќе работат со зголемена претпазливост.
Конте рече дека производството на сите болнички материјали е особено важно, особено за интензивната нега.
„За нас е важно да знаеме дека сите 60 милиони сме дел од голема заедница и дека тоа е силата на нашата земја, заедница на поединци“, рече тој.
„Ќе победиме заедно“, заклучи премиерот Конте.
Ова е борба што е одличен тест за нашата нација. Откако разговарав со сите министри и во согласност со мојата совест, решив дека здравјето на сите Италијанци е на прво место “, рече тој.
“Воведувањето на црвената зона беше прва мерка. Денес е јасно дека мора постепено да се движиме сè додека сите не сфатат во кое тешко време живееме. Го преземаме чекорот понатаму. Италија секогаш ќе остане единствена зона, но сега ги затвораме сите трговски активности, освен основните активности како аптеки и ланци на храна “, рече тој, додавајќи дека се затвораат сите ресторани, пабови и слични бизниси.
Тој изјави дека банкарските финансиските и транспортните услуги ќе бидат достапни.
„Важно е да се биде совесен и да се знае дека постепено почнавме да ги менуваме навиките. Нема да ги видиме ефектите од нашите големи напори за неколку недели. Не можеме да очекуваме резултати утре, и тоа е многу важно“, рече тој.
Тој додаде дека ако бројките на заразени од коронавирус продолжат да растат, овие мерки остануваат на сила.
„Ние мора да бидеме луцидни, ригорозни и одговорни“, додаде тој.
Конте прво им се заблагодари на сите Италијанци за жртвата што ја направиле во црвената зона и карантинот. „Целиот свет гледа во нас“, рече тој, додавајќи дека Италија од ден на ден станува пример за сите други.