Италија забрани влез на 13 земји на нејзина територија меѓу кои е и Македонија


Италија од денска забранува влез на нејзина територија од 13 земји за кои процени дека имаат премногу случаеви на корона вирус.

На списокот покрај 12 други држави се најде и Македонија. Забраната се однесува на сите кои престојувале во тие земји или поминале низ нив во изминатите 14 дена изјави министерот за здравство Роберто Сперанца. Патниците од сите други земји надвор од Европската Унија и Шенген зоната можат да влезат во Италија, но по пристигнувањето тие мора да поминат 14 дена во карантин.

На списокот, составен од Министерството за здравство, се Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Босна и Херцеговина, Чиле, Кувајт, Северна Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република.

– Пандемијата е во најостра фаза низ целиот свет, рече Сперанца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1