Италија ги зајакнува безбедносните мерки поради терористичка закана од Балканот


Министерството за внатрешни работи на Италија наложи да се зајакнат безбедносните мерки на три пристаништа на Јадранско Море, посочени како веројатни места од од каде што терористите од Балканот би влегле во Европа.

Зајакнати се мерките за Анкона, Бари и Бриндизи, соопштува БТА, повикувајќи се на експерти, кои побарале да останат анонимни.italijanska-policija-1354397845-236321

Максимален степен на готовност е воведен по брегот на акваторијата која граничи со Албанија. Засилената контрола има и за цел да се спречат евентуални терористички напади на самите пристаништа, но и да се осуетат обидите за транзит на џихадисти во Сирија и Ирак.

Вчера министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано предупреди дека е зголемена терористичката закана по нападите во Тунис, Франција и Кувајт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1