Италија преживува хорор: Повеќе од 1.100 потреси, без домови останаа 22.000 лица


Над 1.100 вторични потреси биле регистрирани во централна Италија по силниот земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала, најсилниот потрес во земјата од 1980 година, јави ДПА

– Ова е вистински пекол, потресите не престануваат, изјави Марко Риналди, градоначалник на градот Усита, кој е срамнет со земја од земјотресот во неделата.screenshot_70

Големи штети има во регионот на Кастеланџело сул Нера. – Се е разурнато тука, а она што не е разурнато е нестабилно, изјави градоначалникот на ова населено место, Мауро Фалкучи.

Италијанскиот премиер Матео Ренци го посети регионот вчера и вети дека Владата ќе стори се што е во нејзина моќ за да ги обнови населените места.

– Немаме волшебно стапче, но некако ќе го постигнеме тоа, дури и доколку тоа ни одземе многу време, додаде тој.

Ренци вети и брзо отпуштање помош за десетици илјади лица, кои останале без покрив над главата. Во моментот 22 илјади лица живеат во времени засолништа, но се смета дека бројот на луѓето без покрив над главата е многу поголем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1