Италија протера стружанец кој се борел во ИСИС – ни го врати во Македонија


Италијанските безбедносни служби го протераа 31-годишниот стружанец Елмир Авмедовски кој имал работна дозвола во Италија, бидејќи стружанецот пред три години им се придружил на радикалните исламисти и бил дел од европските желии на ИСИС, пишуваат италијанските медиуми, објави весникот Приморски дневник.

Тој признал дека се борел на страната на ИСИС во Сирија. Дали Авмедовски се вратил во родната Струга засега никој не знае.23(3)

Засега се знае дека Авмедовски со своето семејство живеел во трошна куќа на улицата Ториани број 38 во Горица. Долги години работел како градежен работник. Со макотрпна работа заработил многу. Сопругата му родила два сина. Но, во 2009 година кога реионот го зафати економската криза, снемало работа за Авмедовски, а долговите почнале да се зголемуваат.

Тогаш почнал да ги посетува предавањата во Исламскиот центар, а подоцна, бил и курир меѓу словенските исламски радикали и познатиот радикал од БиХ, имамот Билал Босниќ. Словенската и италијанските безбедносни служби утврдиле дека тој е еден од 54 странски исламски радикали кои се регистрирани во Италија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1