Италија се тресе, 30 земјотреси во текот на ноќта


Тлото во Италија не мирува. По двата јаки земјотреси од 5,5 и 6,1 степен според Рихтеровата скала во текот на ноќта, според податоци од Европско-медитеранската сеизмозошка опсерваторија, регистрирани се 30 земјотреси.

Сите земјотреси се над 3 степени според Рихтер, а почувствувани се и два посилни од 4,5 и 4,7 степени.zemjotres4455

Неколку десетици лица добиле медицинска помош вчера, но засега нема податоци за тешко повредени, соопшти началникот на цивилна заштита Фабрицио Курчио.

– На крајот ситуацијата не е толку катастрофална како што мислевме на почетокот, со оглед на интензитет на потресите, изјави тој на прес-конференција во Риети.

Неколку повредени лица биле пренесени со амбулантни возила во итни оддели на болници во регионот и неколку десетици луѓе заминале сами да побараат лекарска помош поради повреди или лошење.

-Сакам да им се заблагодарам на оние кои работат на дождот во погодените од земјотресот зони. Цела Италија ги прегрнува силно луѓето кои повторно настрадаа, напиша синоќа на Твитер, италијанскиот премиер Матео Ренци.

По синоќешните земјотреси во централна Италија, урнати се цркви и згради, има прекин во снабдувањето со електрична енергија, а се предизвика голема паника кај жителите на ова подрачје, само два месеци откако истото беше погодено од силен змејотрес, во кој загинаа речиси 300 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1