Антитерористичката единица на италијанската полиција во близината на Венеција уапсила македонски државјанин осомничен за регрутација на муџахедини кои сакале да се борат за Исламска држава, јавува Танјуг.
Според АНСА, уапсеното лице бил од страна на неименуван босански имам воведен во радикален Ислам. Не е објавен идентитетот на македонскиот државјанин кој е уаспсен по истрагата спроведена на над неколкумина лица, кои потекнуваат од балканските земји, а кои живеат во североисточниот дел на Италија.
Тие се осомничени дека воспоставиле мрежа за регрутирање и индоктринација на странски борци за воините жаришта на Блискиот Исток.
истрагата на италијанските специјалци открила дека неколку борци со македонско и босанско потекло од Италија заминале во Сирија, од кои двајца се убиени во 2013 и 2014 година, додека третиот и понатамоу се наоѓа во војната зона.