Италија во шок: На мисицата бившото момче ѝ фрлило киселина в лице ФОТО


Поранешната финалистка на изборот за Мис на Италија Џесика Нотаро (28) е тешко повредена откако наводно нејзиното бившо момче Хорхе Едстон Таварес (29) ѝ фрлило киселина во очите. Хорхе, кој работи како телохранител, набрзо е уапсен и задржан во притвор.3C160FFB00000578-0-image-a-1_1484258019419

Џесика на лицето има страшни лузни, во моментот не гледа, а можно е и до крајот на животот да остане слепа. Нејзиното момче, како што таа тврди, ја нападнало пред станот во Римини, а киселината, освен лицето, ѝ ги повредила и нозете и бутовите.

Полиција го уапсила Џорџ поради сомнение дека извршил страшен напад. Тој негирал дека е виновен за нападот и рекол дека има алиби.

Убавицата е во тешка состојба, но не е животно загрозена. Закрепнува во болницата во Чезена.3C160FF300000578-0-image-a-6_1484258053018

Откако таа се појавила на изборот за мис во 2007 година, Џесика работела како водителка. Хорхе и Џесика се запознале додека заедно работеле на една емисија, односно во водениот парк каде што се одржуваат програмите со делфiните „Делфинарио“. Откако Џесика и Хорхе раскинале, тој ја следел и ја вознемирувал, поради што водителката го пријавила во полиција и издејствувала забрана за приоѓање.

– Секогаш беше насмеана, секогаш оптимистична. Ова ја уништи нејзината мајка – рекол пријател на несреќната девојка.

Џесика ќе мора да се подложи на пластична операција поради сериозните изгореници од киселината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1