Италијанец на лото добил 163,5 милиони евра


Џек-потот кој што го освоил италијанецот изнесува 163,5 милиони евра, официјално објавија италијанските весници. Ливчето платено 3 евра било продадено во калабрија на југот на Италија, а неговиот сопственик се уште не е познат.

-Се надевам дека купецот е некој кому навистина му требаат пари, но и дека ќе помисли на нас- рекол продавачот во киоскот каде е продаден тикетот.loto

Ова е втора по големина награда во италијанското „Суперена Лото“, по најголемата исплатена добивка од 178 милиони евра во 2010 година.

Медиумите веќе делат совети што е најпаметно да се направи со парите. Според британската инвестициска компанија која се пренесува, најпаметно е половина пари да се чуваат.

-Ако се работи за Италија, советот за сопственикот е половина од парите да ги задржи, а за половина да купи злато- велат од таму, наведувајќи ги ниските приноси од обврзниците, високите даноци за недвижнините и нестабилниот пазар на уметнички дела.

-Не е лесно паметно да се потрошат толку пари. Најдобро би било да се постави некој добар систем за климатизација во некоја пештера каде би се чувале сите тие пари- на шега додаваат британските советници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1