На ден откако беше уапсен првиопт човек на Коза Ностра заедно со уште 45 членови , италијанската полиција уапси 90 членови на бруталната ,,Ндрангета”.
Десетици мафијаши се уапсени во Италија , Холандија, Германија, Белгија и во Јужна Америка во денешната операција против италијанската криминална група ,,Ндрангета”.
Италијанската полиција заедно со Еуроџаст , европска агенција која ја надгледува правосудната соработка , изјавија дека лицата се уапсени за криумчарење кокаин , перење пари , мито и насилство. Италијанската полиција соопшти дека се уапсени 90 лица , а апсењата се потврдени и во Јужна Америка.
Цел на акцијата се членовите на криминалното семејство Ндрангета од местото Лакри во Калабрија, на југот на Италија. ,,Ндрангета” е една од трите главни италијански мафијашки организации , заедно со ,,Камора” од Неапол и сицилијанската ,,Коза Ностра” , a според властите , е најопасна од сите три криминални групи.