Италијански мафијаш уапсен по 23 години во бегство


Еден од најбараните италијански мафијаши е уапсен во Уругвај по 23 години минати во бегство, соопшти денеска италијанскиот министер за внатрешни работи Марко Минити.

Мафијашкиот шеф Роко Морабито од страна на италијанските власти се бара по обвинение за членство во криминална група, трговија со дрога и други сериозни злосторства.

Морабито кој се занимава со криумчарење и дистрибуција на кокаин е припадник на најмоќната калабриска мафијашка група „Ндрангета“, а познат е под прекарот „кокаинскиот крал на Милано“.

Педесет годишниот Морабито е откриен во летувалиштето Пунта дел Есте во Уругвај откако во заедничка акција на италијанската и уругвајската полиција бил откриен неговиот лажен идентитет.

Потрагата по него трае од 1994 година кога според пишувањето на весникот „Кориера дела Сера“ тој по илегални патишта во Италија увезол еден тон дрога вредна 13 милијарди лири (осум милиони долари).

По апсењето на Морабито италијанските служби за безбедност очекуваат пресметка и со моќниот шеф на сицилијанската мафија Матео Месина Денаро со кого соработувал уапсениот Морабито.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1