Итен состанок на 18 градоначалници за загадувањето во Скопје


17 општини од скопскиот регион ќе соработуваат за подобрување на амбиенталниот воздух. Проект за проширување на топловодната мрежа со субвенционирање, препораки за намалување на цените на парното греење, субвенции за граѓаните од сите општини за печки на пелети, забрана за користење на разни лакирани дрвени предмети. Ова се дел од макро проектите со кои Градот Скопје и останатите 17 општини од регионот ќе влијаат да се намали загадувањето на воздухот. Трајановски побара централната власт по формирање на Владата, под итно да го повтори тендерот за гасификација на скопскиот регион.zagaduvanje

Засилени контроли на инспекторите на објектите кои имаат Б и А интегрирани дозволи се дел од заклучоците на состанокот. И останатите општини се сложни да набават средство со кое ќе се зголеми бројот на улици и булевари на кои ќе биде аплицирано калциум магнезиум ацетат за намалување на загадувањето. Трајановски размислува да ја предложи мерката пар непар, но одлуката е на министерствтото за животна средина, за здравство и внатрешни работи.

И денеска загадувањет со ПМ 10 честички во Скопје е на високо ниво над дозволеното. Според последната изработена анализа загадувањето во најголем проент дури 32 проценти потекнува од загревањето на домаќинствата, на второ место е сообраќајот, па градежните активности и индустријата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1