Итна инспекција кај газда Бојо по веста дека 27 професори дале отказ од Европски Универзитет


Инспекции ќе го чешлаат Европски универзитет, потврдил за Радио МОФ Државниот просветен инспекторат.

Evropski univerzitet127 професори и асистенти го напуштиле универзитетот, заради неисплатени плати и незадоволство од условите за работа. Тие информирале дека последните 2 плати им биле дадени на рака и со доцнење, и безплатени никакви придонеси.

– Во тек е инспекциски надзор, повеќе информации околу случајот ќе добиете од понеделник – велат од Државниот просветен инспекторат за Радио МОФ.

Деновиве на социјалните мрежи повеќе граѓани изразија загриженост за функционирањето на универзитетот, а студентите се плашат дека ќе им пропаднат парите кои ги дале за своето студирање. Оставките на професорите и асистентите вчера за Радио МОФ ги потврди и сопственикот на Европскиот универзитет, д-р Бојо Андрески, но тој негираше дека универзитетот има проблеми во секојдневното функционирање.

СЕ РАСПАЃА ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ НА ГАЗДА БОЈО? – 27 ПРОФЕСОРИ СИ ЗАМИНАЛЕ
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1