Итно оперирана Ханка Палдум


Босанската пејачка Ханка Палдум ја оперирала ногата во Германија и тешко се движи.hanka paldum

-Се помина како што треба, но постоперативното опоравување е многу долго. Не можам да се движам како што сакам и како што сум навикната. Секогаш сум била како чигра. Штом ќе станам наутро, не застанувам цел ден. Сега ситуацијата е малку поинаква. Потребен ми е одмор и честа контрола кај лекар, рече Ханка.

Пејачката на следната контрола треба да оди на почеткот на февруари.

-Лекарите последниот збор ќе го кажат на почетокот на февруари, а се надевам дека ќе биде позитивен за мене, вели Ханка која е моментално во Бон кај своите пријатели Иванка и Никола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1