Ивана која брутално беше претепана од момчето во Нови Сад е во лоша психичка состојба – вели дека таа е виновна за се


Судењето на 24-годишниот Ѓорѓе Лацковиќ од Клен, кој е обвинет дека на 12. март брутално ја претепал својата девојка 22-годишната Ивана Филиповиќ од Баново Поле, одложено е минатата недела затоа што насилникот се правдал со лоша здравствена состојба и дека е под бенседини. Меѓутоа, во судницата не се појавила ниту жртвата, а како што изјавила за адвокатот Зорица Периќ, таа не би можела да поднесе средба со насилникот.

-Ивана не е способна да се појави и да биде во иста просторија со обвинетиот затоа што во таква ситуација сигурно би се онесвестила, потврдила адвокатката.

Како што пишуваат српските медиуми претепаната девојка е во лоша психичка состојба и била под притисок за време на сослушувањето, непосредно после инцидентот, кога во разговор со инспекторот во болничката соба цело време го бранела насилникот, упорно тврдејќи дека таа е виновна за нападот.

Ивана дури и во еден момент рекла дека ќе скокне од прозорот од болницата, но набрзо се откажала од таквите мисли, пишуваат медиумите.

Повредената девојка дури во повеќе наврати изјавила дека не сака да го пријави Лацковиќ во полиција.

Таа рекла дека таа прва го нападнала Ѓорѓе и тоа со пегла, затоа што во тој момент му ги пеглала работите за на работа. Навела дека тоа го сторила по наговор на својата другарка Љубица и нејзиното момче.

Инаку, на Филиповиќ токму на 12. март животот ѝ го спаси нејзината другарка Љубица П. која претепаната девојка ја побара на телефон полсе нападот. Набрзо дошла до станот во кој била Ивана и ја однела во болница.

Не е позната причината поради која Ивана за време на сослушувањето го бранела насилникот.

Да потсетиме, Лацковиќ е обвинет дека на 12. март во изнајмениот стан во Нови Сад ја претепа Ивана нанесувајќи ѝ тешки повреди. Таа имала скршеници на ребрата, пробиена ѝ била белодробната марамица, имала изгореници од пегла и исекотини на нозете. Во болница после тоа поминала 8 денови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1