Холандската манекенка 18-годишната Ивана Смит, чие безживотно тело беше пронајдено после дива свингерска забава во Куала Лумпур, била мртва и пред падот од балконот од 20. спрат, стои во новиот извештај за одбукцијата.
Ивана почина кон крајот на 2017 година околу 10 часот наутро, а телото било пронајдено дури околу 15 часот. Во телото имало и траги од кокаин, екстази и алкохол. а на себе немала ниту чевли, ниту долна облека.
На 7. декември 2017 година Ивана беше пронајдена гола пред солитер во луксузен кварт во Малезија.
Во 05:22 часот Ивана била снимена во ноќен клуб во друштво на американски тајкун, Александар Амад Џонсон и неговата сопруга, Луна Алмаз.
Американскиот бизнисмен и неговата сопруга признале дека имале секс во тројка со манекенката, неколку часа пред нејзината смрт.
Два часа пред смртта Ивана на своето момче му испратила смс порака дека е дома и одмора.
Нејзините родители тврдат дека станува збор за убиство.
Брачниот пар во чиј стан била Ивана пред смртта, тврди дека мислеле дека девојката само излегла од станот.
Изгледа не им било чудно и сомнително што Смит во нивниот дом ги оставила чевлите и облеката. А, се чини дека ниту на малезиската полиција тоа не ѝ било чудно па го заклучќила случајот.
За среќа, од мистериозната смрт на девојката не се откажале холандските истражувачи, па пронашле дупки во целата приказна.