Иванка Трамп живее во куќа на милијардер со хрватско потеклo


Луксузната вила во која живеат Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер припаѓа на чилеански милијардер со хрватско потекло. „Волстрит журнал“ пишувал дека компанијата на тој милијардер ја тужи американската влада.ivanka kukja

Станува збор за милијардерот по име Андронико Лукшиќ, чија компанија ја тужи владата на САД затоа што администрацијата на Барак Обама ги стопирала неговите планови за ископување бакар и никел во Минесота.

Андронико Лукшиќ е член на едно од најбогатите чилеански семејства, чиј имот се проценува на 3,6 милијарди долари, бележи хрватски „Експрес“ и додава дека дедото на Андронико е од Брач, од каде што емигрирал во 1910 година.

Иако „Волстрит журнал“ тврди дека сопственикот на вилата е Лукшиќ, таа всушност ѝ припаѓа на компанијата „Трејси Д.С рил естејт“.

Случајот привлекол внимание кај американските медиуми бидејќи ќерката на американскиот претседател живее во куќата на човек што ги тужи САД. Легенда Ќерката на американскиот претседател живее во куќата на човек што ги тужи САД

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1