Од Кабинетот на Ѓорѓе Иванов денеска со соопштение во врска со поведување постапка за проверка на имотната состојба на претседателот.
– Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, изразува благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба. Претседателот Иванов порачува дека чесен влезе во политиката и чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат.
Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај. Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции во Република Македонија, онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов, стои во ставот.