Иванов ја поништува аболицијата за 22 лица


Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска донесе одлука да поништи дел од одлуките за помилување на вкупно 22 лица. Како што рече Иванов, цврсто е убеден дека аболицијата која ја донел на 12. април и понатаму смета дека е клучна за решавање на кризата и тоа го направил во интерес на државата и на граѓаните.ivanov-gjorge1-640x401

Не сакам веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот, ниту еден политичар не е недопирлив, напротив, секој ќе одговара за своите постапки, изјави Иванов повикувајќи ги сите други кои не с епомилувани согласно измените во Законот да поднесат лични барања за поништување на одлуката за нивно помилување.

Инаку претседателот пред месец и половина донесе одлука за колективна аболиција на 56 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1