Откако домаќините увиделе дека Иванов на заедничката фамилијарна фотографија од самитот којшто e во организација на Обединетите нации, е заведен како “Претседател на ПЈРМ” тоа предизвикало непријатност, бидејќи и самите тие не очекувале такво нешто. Македонскиот претседател лично ја пречкртал привремената референца ПЈРМ, под неа напишал Македонија и потоа го ставил својот потпис, информираат од кабинетот на Иванов.
Турските домаќини изразиле жалење за овaa непријатност и со аплауз го дочекале ваквиот гест на македонскиот претседател, а како што дознаваме поддршка за неговиот непосреден пристап искажале и дел од присутните лидери.
Претседателот Иванов престојува во работна посета на Република Турција, каде што учествува на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул, во организација на Обединетите Нации.